Државата ќе дава под закуп земјоделско земјиште до 10 хектари во Кавадарци, Неготино, Струга и Свети Николе. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за давање под закуп државно земјоделско земјиште за подигање на лозја, овоштарници, хмељ. Во Кавадарци се огласува земјиште во катастарските општини Манастирец, Мрзен Ораовец, Горна Бошава и Долна Бошава, во Неготино за Курија, Неготино, Пепелиште и Челевец, во Струга за катастарската општина Враниште и за регионот Свети Николе за катастарската општина Дорфулија. Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи за регионот Кавадарци, изнесува 4.050 денари, за Неготино 6.800 денари, за Струга 5.240 денари и за Свети Николе 3.400 денари. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето изнесува 30 години.
Државата ќе дава под закуп земјоделско земјиште до 10 хектари во Кавадарци, Неготино, Струга и Свети Николе.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за давање под закуп државно земјоделско земјиште за подигање на лозја, овоштарници, хмељ. Во Кавадарци се огласува земјиште во катастарските општини Манастирец, Мрзен Ораовец, Горна Бошава и Долна Бошава, во Неготино за Курија, Неготино, Пепелиште и Челевец, во Струга за катастарската општина Враниште и за регионот Свети Николе за катастарската општина Дорфулија.
Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи за регионот Кавадарци, изнесува 4.050 денари, за Неготино 6.800 денари, за Струга 5.240 денари и за Свети Николе 3.400 денари.
Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето изнесува 30 години. Понудите за учество треба да се достават до Министерството за земјоделство во рок од 30 дена од денот на објавување на огласот. Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.